Татар: Знаеме дека во Битола се живее за ракометот, ќе борам да не ги разочараме!

64

Малик Татар е едно од новите засилувања на Пелистер за новата сезона. Словенецот кој игра на левата бековска позиција едвај чека да заигра пред домашната публика. Татар сака да има незаборавна сезона и со многу победи, нешто што заслужуваат фановите на Пелистер.

„Атмосферата е супер, сите имаме иста цел. Знаеме дека во Битола се живее за ракометот и затоа ние треба да живееме за нив. Како што Лино кажува, така и јас – не сакам да губам. Сакам да се борам и да дадам сè од себе.

Тука во Битола, тоа што ќе им го дадеш на навивачите, тоа и ќе ти го вратат. Од година во година македонската лига е сè посилна и сè повеќе се вложува во ракометот. Ќе биде тешко, но мислам дека можеме да ги оствариме нашите цели“, рече Татар.

ПретходноКристијано Роналдо со порака до критичарите
СледноПознато е колку ќе заработува Зинедин Зидан