Давид Бабунски: Довидување Европа, фокус на двојната круна во домашниот шампионат

263

Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар и официјално го заврши настапот во Европа ова лето.

По елиминациите во квалифиакциите за Лигата на Шампионите, односно Лигата на Конференции, „црвено – црните“ се вратија дома и единствено што сега преостанува е да се фокусираат на обврските кои што следуваат.

А тоа секако е настап во домашниот шампионат, односно Купот. Искусниот Давид Бабунски постигна ефектен гол на дуелот со Рига. Во возвратниот дуел во Летонија, откако Вардар на домашен терен загуби со 2:3, токму голот на Бабунски даде надеж за позитивен расплет. Капитенот Омерагиќ зголеми на 0:2, и Вардар го делеа само три минути од пласман во третото коло. Сепак, примениот гол значеше продолженија во кој нашиот шампион едноставно се распадна и прими уште четири гола.

Бабунски, како еден од најискусните во тимот, со порака преку социјалните мрежи го кажа своето мислење. „Збогум Европа, целосен фокус на двојната круна“ – порачувајќи дека нема време за „плачење“, туку на распоред е целосна мобилизација и победнички менталитет уште од самиот старт.

ПретходноУЕФА прецизираше: Хиберниан – Шкендија на 06.08.2026 во 21:00 часот
СледноГлавниот советник на Џани Инфантино си поднесе оставка