Од Романија ни доаѓа крајно тажна вест. Минибус кој превезувал фудбалери од вториот тим на Динамо од Букурешт доживеа тешка сообраќајна несреќа откако удрил во дрво, а едно лице загинало.
Несреќата се случила во градот Кампулунг во областа Аргеш. Како што пренесуваат тамошните медиуми, до трагедијата дошло откако 83-годишниот возач на минибус доживеал срцев удар додека возел, поради што изгубил контрола над возилото.
Во минибусот во тој кобен момент се наоѓале вкупно 16 лица. Физиотерапевтот на романскиот клуб починал на местото на несреќата, додека 10 лица се повредени на кои им била итна медицинска помош.
Повредени се играчите и членовите на стручниот штаб, но за среќа се надвор од животна опасност. Во несреќата со скршеница на двете раце се здоби тренерот на вториот тим Адријан Ропотан.
Со голема тага клубот го потврди идентитетот на повредениот член на лекарскиот тим.
„За жал, г-дин Константин Ковачиу, член на медицинскиот тим на клубот, почина како резултат на несреќата. Сите други патници се пренесени во болница на дополнителни прегледи. Играчите и стручниот штаб се повредени, но нивните животи се надвор од животна опасност. Ние сме во директен контакт со локалните служби и навремено ќе ја информираме јавноста за новите информации. Динамо, исто така, изразува длабока сочувство до целото семејство Нашиот клуб беше исклучително важен дел од стручниот штаб пред години, а работеше и со сениорскиот тим“. рекоа од Динамо.










