Македонските јуниори поразени од Финска!

44

Во натпреварот за повисок пласман, македонската машка јуниорска репрезентација е поразена од Финска со 77:98.

Финската репрезентација беше подобар противник, особено во првото полувреме, во кое ја создаде предноста што подоцна успешно ја зачува до крајот на натпреварот. По првите десет минути Финците поведоа со 26:13, а со ефикасна игра во нападот до заминувањето на одмор ја зголемија разликата на 55:27.

Во продолжението, македонските јуниори прикажаа далеку подобро издание. Со поагресивна игра во одбраната и повеќе решенија во нападот, но тоа не беше доволно за пресврт.

Најефикасен во македонскиот состав беше Цветковски со 20 поени, зад него беше Данев со 15 поени,

Македонската репрезентација веќе утре ќе има нова можност за позитивен резултат. Нашите јуниори, со почеток од 15:30 часот, ќе се сретнат со селекцијата на Исланд, која денеска беше поразена од Швајцарија.

Победникот од овој дуел ќе разигрува за 13. место на Европското првенство, додека поразениот ќе се бори за 15. позиција во конечниот пласман.

Претходно„Кари мора да си замине од Голден Стејт“
Следно„Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар, Битола е прекрасна“