Македонскиот стратег кој лани беше прогласен за тренер на годината – изненадно доби отказ!

643

Македонскиот стратег Зекирија Рамадани лани го доби највисокото признание во струката и беше прогласен за „Тренер на годината“ на Косово, а веќе денеска потврди дека повеќе не е дел од тимот на Дрита.

Засега не е позната причината поради која Рамадани и косовскиот клуб се разделиле. Во интервју за Канал 10 потврди дека соработката е прекината.

„Да, се разделив од клубот, вистина е. Прашајте го клубот за причината, нема причина да ме отпуштат“, ми рече накратко тренерот за Канал10.

Тој во Дрита дојде во ноември 2023 година, иако имаше успешна мисија, сепак дојде до разделба.

ПретходноКасемиро: Меси ми задавеше толку многу проблеми…
Следно„Кари мора да си замине од Голден Стејт“