Македонскиот интернационалец и некогашен А репрезенативец, Никола Ѓорѓев, се врати во Швајцарија и потпиша за тимот на Ксамакс.
По епизодата во Португалија, во тимот на Фаренсе, Ѓорѓев се враќа во својата матична земја што се вели, затоа што таму фудбалски израсна и мина најголем дел од кариерата.
Ѓорѓев е поранешен македонски У21 репрезенативец кој што имаше удел во историскиот пласман на Македонија на младинското европско во Полска во 2017 година.
Потоа забележа и пет настапи за А репрезетацијата. Во кариерата настапуваше за матичниот Цирих, па за Граспохеперс, за Твенте, за Арау, Шафхаусен пред да замине за Португалија.










