Пријателски: Пелистер подобар од Шкендија (А), Арсими сигурен против Тетекс

122

Повеќе македонски тимови ја искористија празничната пауза на домашната фудбалска сцена за да одиграа пријателски натпревари.

Новајлијата во фудбалската елита, екипата на Шкендија (А) денеска одигра пријателски натпревар против екипата на Пелистер. На мечот кој се одигра во Скопје, Пелистер победи со 1:0. Во третиот контролен натпревар за битолчани, стрелец на единствениот гол беше Кире Ристевски.

Екипата на Башкими денеска тестираше со екипата на Камјани и претрпе минимален пораз од 0:1.

Прволигашот Арсими одигра тест-натпревар со второлигашот Тетекс. Мечот заврши со убедлива победа на гостиварци од 4:1, откако Арсими на полувремето имаше предност и од 2:0.

ПретходноКаква брука за шампионот! Шкендија среде Скопје собра двојно повеќе гледачи од Вардар
СледноПријателска: Струга ТЛ славеше на тестот со Охрид