Следниот викенд на програмата е второто коло од новиот ПМФЛ шампионат, а во него се игра големото дерби помеѓу екипите на Вардар и Шкендија.
Мечот е закажан за 09.08.2026 година во 17:00 часот на Арената Тодор Проески, а од страна на домаќинот сега пристигна информацијата дека во продажба се пуштени билетите за дуелот, по цена од 200 денари.
Истите можат како што е вообичаено да се купат преку платформата на МК Тикетс.
https://mktickets.mk/event/fk-vardar-fk-s-2/















