Хаџиевски се врати во Дубаи, стана шеф на Ал Мединах!

410

Ал Мединах Вондерерс од Дубаи е новиот клуб на искусниот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски. Само неколку дена по разделбата со Спартак Варна, нашиот стратег синоќа пристигна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), за да ја почне новата тренерска мисија во споменатиот клуб. Станува збор за нисколигаш, клуб кој се надева дека ќе ги постигне посакуваните резултати токму со искусниот тренер од Македонија. Ѓоко Хаџиевски во арапскиот свет собра многу искуство каде работеше со екипите на Наџран, Ал Тавон, Ал Кадсиа, Хата, Ал Џафра, Емирејтс, Хаџер, Хајер…

Екипата на Ал Мединах од Дубаи ќе биде 34. предизвик за Ѓоко Хаџиевски во неговата тренерска кариера. На неколку места се враќаше и по повеќепати како Вардар, Пелистер, Хата… Во оваа земја трансфер прави и неговиот внук Георг Стојановски кој исто така го напушти Спартак Варна од Бугарија. Тој е на лекарски прегледи во новиот прволигаш Лусиал.

ПретходноЗверев:„Новак има повеќе од 400 милиони евра – зарем мислите дека му е гајле!“
СледноСпоред медиумите во Шпанија: Кампацо повторно во дресот на Ц. Звезда?!