Пелистер го потпиша вториот Американец!

64

Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер. Овој американски бек шутер доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Има 23 години и висок е 196 сантиметри.

Во пет сезони во колеџ лигата МекДауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра.

Неговиот најдобар момент е сезоната 2024/25, кога за Норд-вестерн Оклахома стејт бележеше 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции. МекДауел беше дел од драфтот во НБА лигата во 2025 година, но се врати во универзитетската кошарка и пак остави трага. Беше еден од најдобрите стрелци за Тарлетон и се најде во најдобрите две петорки во лигата.

Претходно11 години по историските 1-1 во Трабзон: Турците го купија Салах, а Работнички е во Втора лига!
СледноТоа се вика традиција: Хиберниан е основан на денешен ден пред 151 година!