Тоа се вика традиција: Хиберниан е основан на денешен ден пред 151 година!

58
ФОТО:facebook.com/HibernianFootballClubOfficial/

Интересно. Шкендија вечерва во Шкотска, во Единбург ќе му гостува на клуб кој што е основан во 19 век, или на 6 август во 1875 година. Ова значи дека Хиберниан денеска го прославува својот 151 роденден. Па нека Шкендија со победа или добар резултат му го расипе роденденот на својот вечерашен ривал.

Сликовито, Хиберниан е основан 28 години или три децении пред во Македонија да се случи Илинденското востание во 1903 година. Ова најмногу покажува за историјата и традицијата кога станува збор за овој клуб.

Хиберниан важи за еден од најстарите клубови во В.Британија и е основан од ирската колонија во Единбург. Во својата историја досега четири пати бил шампион на Шкотска, и тоа во 1903, 1948, 1951 и 1952 година. Има три Купа и три Лига Купови.

Ова значи дека кога во Македонија се случувало Илинденското востание, Хиберниан ја славел првата шампионска титула во Шкотска.

Колку за споредба, Шкендија е основана во 1979 година или 104 години подоцна.

И кога сме кај историјата, да споменеме дека стадионот “Истер Роуд“, на кој вечерва ќе игра Шкендија, е изграден во 1893 година, јасно дека потоа во неколку наврати бил реконструиран.

ПретходноПелистер го потпиша вториот Американец!
СледноЛазаров: Имињата не ја даваат целата слика, за тим треба работа, дисциплина и систем!