Како некои работи брзо се менуваат во фудбалот. Имено на денешен ден (6 август 2015) пред 11 години Работнички испиша историја, по вторпат успеа да се пласира во плеј – офот во Лигата на Европа, и тоа откако го елиминираше славниот Трабзонспор.
Во првиот меч од 3.квалификациско коло на 30 јули во Скопје, со голот на Баже Илијоски, Работнички славеше против Трабзон со 1:0 и дојде тој 6 август и реваншот во Трабзон.
Домашниот тим поведе со голот на Јокуслу во 55.минута, за да Маркоски во 112. минута од продолженијата успеа да израмни и да го однесе Работнички во плеј – офот на мегдан со Рубин Казан.
На ова се потсетуваме поради фактот дека тој Трабзон вчера и официјално го доведе во своите редови еден Мохамед Салах и му ја даде најголемата плата во историјата на Турција, па и на Европа, а во исто време победничкиот Работнички од таа 2015 година, сега се спрема да ја почне сезоната во Втората лига на Македонија.
Ова само едно убаво сеќавање каде беше клубот од Дебар Маало пред 11 години а каде е сега.
И кога ќе се присетуваме на сите убави моменти од историјата на Работнички, барем од 2005 од 2015, кога беше на или при врвот во мак – фудбалот, кога со него се гордеевме со настапите во Европа, кога во Скопје доаѓаа и Ливерпул и Лацио, само поради Работнички,уште повеќе да те боли…
Ама, тоа е.
Во фудбалот не важи минатото и историјата, туку само сегашноста.
И уште еднаш, на денешен ден пред 11 години Работнички во Трабзон одигра 1:1 и се пласира во плеј – офот во Лигата на Европа, а сега се спрема за сезоната во Втора лига.










