Јуниорките со пораз и од Азербејџан

48
ФОТО:.fiba.basketball/

Женската јуниорска кошаркарска селекција денеска го претрпе и петтиот пораз на ЕП У-18 во “Б дивизијата“ во Тулчеа. Јуниорките се поразени од селекцијата на Азербејџан со 75:73. Ова беше натпревар за пласман од 17-20 место на овој шампионат.

Штета, со оглед на тоа дека Македонија беше и тоа како блиску да дојде до првата победа, ако се знае дека овој меч одлично го започна. Првиот период нашите јуниорки го добија со 24:19, но потоа работоте како да тргнаа во не така добар правец, па противникот ги доби втората и третата четвртина.

Во последниот период јунорките влегоа со -2 поени, имаа шанса и да победат како што веќе најгласивме, сепак на крајот уште еден пораз.

Кога сме кај поентерките, најефикасна во нашите редови беше Ива Колева со 18 поени, додек а по 17 запишаа Јана Пишлевска и Теа Трајковска.

ПретходноТамара Атанасова: Не полот, туку резултатите, трудот и дисциплината треба да го вреднуваат спортистот
СледноСилекс не сака да сопре – целта е победа против Шкендија Арачиново