ПМФЛ: Моќниот Тиквеш на гости во Куманово, штипјани под рефлектори ќе уживаат во дуелот Брегалница – Арсими

114

Денеска на програмата се два натпревари од 2.коло во новата 2026/27 сезона. Во Куманово екипата на Башкими го дочекува составот на Тиквеш. Кавадарчани имаа спектакуларен настап на премиерата пред своите фанови кога го декласираа Арсими со 5:1. Секако дека со оглед на фактот дека Башкими е значително ослабен од ланската сезона денеска од 17 часот, за кога е закажан овој меч, секако дека составот на тренерот Оливер Богатинов е голем фаворит и не треба да биде изненадување ако успее да дојде до уште една убедлива победа.

Конечно фудбалски Штип е прволигашки град. Вечерва од 19 часот под светлоста на рефлекторите во вечерен термин, штипјани ќе проследат прволигашли меч и ќе може да уживаат во натпреварот Брегалница – Арсими. Ете шанса за исполнети трибини, за убав фудбалски амбиент и секако за фудбалско уживање.

Да потсетиме, вчера во првиот меч од ова коло Шкендија Арачиново и Силекс одиграа 1:1, а утре на програмата се натпреварите Вардар – Шкендија и Скопје – Струга ТЛ.

ДЕНЕСКА ВО ПМФЛ – 2.КОЛО

Куманово: Башкими – Тиквеш (17 ч)

Штип: Брегалница – Арсими (19 ч)

ПретходноНишто од Автокоманда: Утрешниот меч Скопје – Струга ТЛ се игра на ФФМ од 17 часот!
СледноАлчевски го комплетираше трансферот во Тиквеш и има право на настап денеска, Ангелов и Максимов регистрирани за Брегалница