Башкими – Тиквеш 0:2 е резултатот по првото полувреме од средбата во Куманово, во рамките на 2.коло во ПМФЛ. Пеколно топлото време не дозволи подобар фудбал, сепак не се игра фудбал во вакви временски услови.
До 36.минута речиси да не видовме ништо, а тогаш гостите од Кавадарци со голот на Висдом поведе со 0:1. Пе минути подоцна Лавал успеа да зголеми на 0:2. Со овој резултат Тиквеш ја оправдува улогата на голем фаворит на овој меч.
Тимот на стратегот Оливер Богатинов овој меч го стартуваше со седум сртрански играчи.















