Од Де Пол за Меси – емотивен момент во Мајами (ВИДЕО)

187

Аргентинецот Родриго де Пол направи убав гест на натпреварот со Монтереј – му го посвети голот на Лео Меси.

Во 32-та минута, Де Пол постигна ефектен гол, сместувајќи ја топката во мрежата од околу дваесет метри во долниот агол, а потоа направи трогателен гест во чест на својот сонародник, пријател и соиграч. Меси го пропушти натпреварот од добро позната причина, поради смртта на таткото на Хорхе.

Гестот на Де Пол предизвика долг аплауз на стадионот. На крајот, Интер не успеа да го задржи водството.

Натпреварот се играше во рамките на Лига купот во кој учествуваат екипи од САД, Мексико и Канада.

ПретходноНаполи ја отфрли понудата на Фенер за Лукаку – бара повеќе пари!
СледноБојку: Нема лесни натпревари, ама Струга ТЛ посакува нова победа!