Бојку: Нема лесни натпревари, ама Струга ТЛ посакува нова победа!

62
ФОТО:fcstruga.com/

Денеска во меч од 2.коло во новата сезона, Струга ТЛ му гостува на Скопје. Овој меч ќе се одигра на стадионот на ФФМ со почеток од 17 часот. Јасно е дека по победата над Шкендија Арачиново во воведното коло, амбициозниот тим на Струга ТЛ, некогашн двоен шампион на Македонија, има победнички амбиции.

Во пресрет на овој меч свој коментар има Бесмир Бојку, клучниот играч на тимот на стратегот Бледи Шкемби:
„Денеска против Скопје, како и на секој друг натпревар, мора да излеземе и да го дадеме најдоброто од себе на зелениот терен. Кога велам најдоброто, мислам сите ние педантно да ги извршиме задачите што ни ги додели техничкиот персонал. Ако успееме да го направиме тоа, тогаш верувам дека ќе успееме да дојдеме до позитивен резултат на овој меч на гости со Скопје“ – рече Бесмир Бојку, кој признава дека повеќе нема лесни натпревари, па затоа не треба да се потцени скопскиот тим.
„Според мене, повеќе нема лесни натпревари, исто како што воопшто не ни беше лесно против Шкендија Арачиново, и покрај конечниот резултат. Би сакал да повториме таква игра и пред сè таков резултат, со единствена цел да продолжиме победнички“ заврши Бојку.

ПретходноОд Де Пол за Меси – емотивен момент во Мајами (ВИДЕО)
СледноРамани:Шкендија против Вардар оди на победа!