Италијанскиот вицешампион Наполи ја отфрли понудата на Фенербахче за Ромелу Лукаку, објави новинарот Јаз Сабунџоглу. Фенербахче понудил 6 милиони евра за 33-годишниот репрезентативец на Белгија. Сепак, „наполитанците“ инсистираат на најмалку 10 милиони евра, а преговорите меѓу двата клуба продолжуваат.
Се очекува Ромелу Лукаку да го напушти Наполи, каде што нема да се смета на него. Тој има договор за уште една сезона со италијанскиот клуб.
Претходно имаше гласини дека Монако е заинтересиран за напаѓачот, но во моментов нема преговори за да го потпишат.










