Во Вардар ќе летаат и други глави, Јаневски и Васовски во игра за клупата

2056

Заминувањето на Кристијан Фабијани беше и е очекувана работа со оглед на тоа дека аргентинскиот стартег уште од првиот ден како шеф на струката во „црвено-црните“ покажа и дозволи да има недисциплина, безредие и општ хаос. Дозволи само неговиот менаџер да носи засилувања во клубот па така истите тие многу фалени играчи од типот на Герсон Родригес, Пуелио, Пирес, Торес и Кастањеда… му ја „скроија“ и капата на шефот од Аргентина.

Вардар објави дека ја раскинува соработката со тренерот, но не ја објави цифрата или пеналите кои треба да ги плати за одењето на Кристијан Фабиани од клупата на клубот. Тренерот кој имаше тригодишен договор и шпекулација дека неговата плата е 10.000 евра на месец. Кој ќе ги сноси последиците, кој ќе ја превземе одговорноста за сите тие богати и скапи договори како со тренерот така и со споменатите играчи. И замислете сите имаат скапи и долги договори на по три години. Штетата е огромна во милионска сума која Вардар ќе мора да ја исплати за нечија погрешна политика „Комитите“ не запираат додека не го сменат и Неделковски!

Заминување на Миленко Неделковски од позицијата извршен директор на ФК Вардар!!!

Тоа е барањето кое е единствено и кое може да ги смири навивачите по најновата бура во ФК Вардар. Не е доволно само одењето на Фабијани и неговиот „нестручен“ штаб кои се главните виновници за тоталниот хаос во клубот и екипата. Слаб избор на засилувања, утнати подготовки, неподготвен тим и очајни игри и резултати. Во неколку недели уништија се што можеше да се уништи и тоа со дебели договори и одлив на финансии од сметката на клубот. Колку само авионски билети се купени од ФК Вардар на фирма од земјава која и нема лиценца за туристичко работење. Но, за тоа во времиња кои доаѓаат. Сега е време на метлата која треба да удри и во самиот врв на клубот. Монструозното работење и создавање на фекалии во клубот е одраз на нечие самовоплие и незнаење. Нема трето…!!!

Фаворит на „Kомитите“ за местото на Миленко Неделковски е Јохан Тарчуловски.

Чеде Јаневски и Васовски се прв пик за тренери. Вардарови деца, тренери кои се докажани и имиња кои се дел од историјата на клубот како од деновите како фудбалери како и од тренерските нивни кариери. Чеде Јаневски е господинот кој би можел да го изгасне пожарот во екипата и да донесе ред и дисциплина каква што треба за професионален клуб.

Тој е творецот на најголемиот успех на клубот во Европа и пласманот во групната фаза од Европската лига – дел од златната генерација на Вардар кој беше првак на Југославија во 1987 година. Еден од нашите најдобри ако не и најдобар тренер. Александар Васовски е тренерот на Силекс кој во времето на „корона“ беше првак со Вардар. Уште во мај, „СпортСпорт“ најави: „Да го имаш Васовски, а носиш скап „гаучос“ за тренер“! (линк подолу)

По само неколку недели стана јасно дека квалитетите на Васовски за Фабијани се како небо и земја во корист на нашиот стратег.

https://sportsport.mk/2026/05/21/%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%88-%D0%B2%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%88-%D0%B3%D0%B0%D1%83%D1%87%D0%BE%D1%81/?fbclid=IwY2xjawTmr0NwZG9mBWV4dG4DYWVtAjEwAGJyaWQRMVRyZktrWlI1anZYRlVGMkRzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEeAGwRLzL6Ba-1EwauwtgHzvLpDoY0gW9dce5CyPaAalTHx4Aa9vLJGs-3NU4_aem_MADzXvVYaS6-u6EkSAW03w

 

ПретходноУскудар е новиот клуб на Андреа Седлоска
СледноЕлмас за уште посилен Тиквеш