И Башкими како Вардар, му врачи отказ на тренерот по само две кола!(ФОТО)

292
ФОТО:.facebook.com/p/KF-Bashkimi-1947

Како Вардар, така и Башкими. По само две кола во новата сезона во ПМФЛ, веќе имаме две тренерски смени. Прво Вардар по поразот во дербито од Шкендија, му врачи отказ на Кристијан Фабиани, денеска и Башкими му врачи отказ на Гајур Реџепи, а на негово место е назначен Шабан Сулејмани.

ФК Башкими 1947 постигна договор со тренерот Шабан Сулејмани, кој неодамна беше заменик-тренер во Работнички. Тој има искуство во Лирија е Призрен, каде што придонесе за формирањето на тимот во Супер лигата, како и во Беса Добердол, Гостивар и Спарк од Харачина.

Клубот му посакува добредојде на Шабан и се надева на успешна соработка. Со билатерален договор, клубот ја прекина соработката со Гајур Реџепи, на кого му се заблагодарува за неговиот придонес и му посакува многу успех во иднина“ велат од таборот на кумановскиот прволигаш кој имаше катастрофален старт во новата сезона, два меча и два катастрофални порази со гол разлика 0:11.

ПретходноКадетите поразени од Украина во последниот меч од групната фаза
СледноТиквеш не знае за доста: И Бесар Гуџуфи во дресот на кавадарчани!(ФОТО)