Ристе Јанков е нов голман на Арсими

167

Искусниот чувар на мрежата Ристе Јанков е нов голман на екипата на Арсими. Тој се приклучува на екипата од Чегране, по две изминати етапи од новиот шампионат, во кој што Арсими има очигледен проблем со дефанзивата и примените голови.

Токму затоа очигледно дека управата реши да се засили до крајот на преодниот рок со што е можно повеќе квалитетни играчи.

Јанков последно беше дел од екипата на Македонија ЃП, која што во моментов е дел од ВМФЛ шампионатот.

Покрај Јанков, во Арсими пристигна и Мухамед Мислими.

ПретходноСе е во ред со Миовски
СледноПСЖ има нов чувар на мрежата