Стојановски: „Нема назад, анализираме и напаѓаме!“

59

Селекторот на македонската кадетска репрезентација Дејан Стојановски ја анализираше играта по поразот од Украина (70:84). И покрај поразот, тој ги истакна борбеноста и енергијата на тимот, но посочи и на сегментите во кои Македонија мора да направи чекор напред.

Имавме перфектен старт, токму онака како што беше нашиот план. Но, веднаш штом противникот почна да нè притиска, повторно влеговме во лоши одлуки. Особено против зонската одбрана немавме вистинско решение. Премногу шутиравме, а денеска шутот едноставно не нè служеше како што знаеме.

Имавме борбеност, тоа не можам да им го одземам на играчите, но не успеавме да профитираме од 26-27 изгубени топки на Украина. Тоа е нешто што мора да го искористиме на вакво ниво.

Исто така, 62 скока за противникот е недозволиво. Тоа е она што ни фали – бокс-аут со сите пет играчи. Не можеме да дозволиме противникот да има толкава предност во скокот.

Енергијата беше присутна во моменти, но на ова ниво тоа не е доволно. Мора да ја имаме 40 и повеќе минути. Не можеме да играме со енергија само во одредени периоди.

Најголем проблем ни беше тоа што не игравме доволно брзо против нивната зона. Тоа ни создаваше најголеми проблеми во нападот.

Сега гледаме напред и се подготвуваме за кого и да дојде. Ќе одиме во Скопје со желба да го покажеме нашето вистинско лице – одбрана, борбеност и енергија.

Па да видиме до каде ќе нè доведе тоа. Нема сега назад. Анализираме и напаѓаме!“

ПретходноИ Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК