Откако видоа дека работите не им одат во посакувана насока, два убедливи порази на првите два меча во новата сезона во ПМФЛ, раководството на Арсими денеска и тоа како беше активно на фудбалскиот пазар. Претходно беше промовиран голманот Ристо Јанков, а и уште неколку имиња, за да предмалку тимот од Чегране се пофали со дефанцзивец од Сенегал. Тоа е Ел Хаџи Арфанг Гаје, инаку некогашен стопер на Шкупи.
Гаје доаѓа од тимот на косовски Феризај, а податоците за него велат дека некогаш бил член на Мускрон како и младинската екипа на Лил.















