Македонија го доби првиот противник во разигрувањето за подобар пласман

132

Македонската кадетска репрезентација по завршување на групната фаза на Европското првенство „Б“ Дивизија ќе продолжи да разигрува за пласман од 9. до 16. место.

Нашите кошаркари го добија патот во битката за подобра позиција на овој шампионат. Прв противник е селекцијата на Ирска, а натпреварот ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:30 часот.

Македонија групната фаза ја играше во Гевгелија и ја заврши со скор од две победи и три порази, односно пласман на третото место.

ПретходноМиленкоски: Подготовките се реализираат според планот
СледноРакометната традиција продолжува: Струга подготвена за 54. издание на меѓународниот турнир