Црвена Звезда до петок има нов тренер, а во декември и избори за нова управа

250

Хаосот кој и е случи на екипата на Црвена Звезда синоќа кога во рамките од третото квалифиакциско коло за Лигата на Шампионите, во Белград загуби од тимот на Макаби од Израел со што ипадна од конкуренцијата ги има следните последици.

Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на екипата, откако синоќа си поднел оставка. Денеска на седницата на управниот одбор на клубот, истата беше потврдена, а потоа, првиот оперативец на клубот, Звездан Терзиќ излезе на прес конференција и ги објасни сите детали за случувањата.

„Најлоша партија на Црвена Звезда од 1977 година откако јас доаѓам на стадион. Дејан Станковиќ не смее да си дозволи вакво однесување кое што резултираше со ваков настап на тимот, со елиминација, и со не доаѓање на прес конференција по мечот, затоа што веќе претходно си даде оставка. До петок Црвена Звезда ќе има нов тренер, затоа што тоа е последниот рок од УЕФА за пријавување на шеф на стручен штаб пред да продолжиме во Европа. Во Декември ќе има избори за нова управа во клубот, и повикувам секој оној кој што смета дека има капацитет да го води истиот да се пријави и да учевствува во истите“ – изјави меѓудругото Терзиќ.

 

ПретходноСтефан Јевтоски промовиран во ПСМ Макасар
СледноСараево и официјално му се заблагодари на Стефан Ристовски