Полувреме: Криезиу двапати се закани, ама нема голови на Арената

84

Шкендија – Хиберниан 0:0 по првото полувреме од реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Освен двете закани на Криеизу во 4. и 25.минута, речиси да не видовме ништо во оваа фаза од средбата. Шкендија не тргна со сите сили во напад, како да чека нешто, додека гостите од Шкотска мирни, дефанзивно поставени и нема причина да напаѓаата ако се знае дека имаат 2:1 од првиот меч.

Повеќе од јасно е дека Шкендија таа која треба да нападне ако сака да победи и да оди во следната фаза во Лигата на Конференции, во плеј-офот.

Јасно е дека Шкендија е на потег во второто полувреме.

Лига Конференции – 3.квалификациско коло (прв меч 1:2)

ШКЕНДИЈА – ХИБЕРНИАН 0:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Булат Сариев (Казахстан). Стрелци:/

ШКЕНДИЈА: Рамани, Трумчи, Меличи, Манев, Димоски, Ислами, Фреитас, Зејнулаи, Тамба, Криезиу, Ндзенгуе.

ХИБЕРНИАН: Салингер, Паслак, Кер, Охора, Обита, Мјулиген, Каива, Мејор, Лов, Рајт, Елдинг.

ПретходноКадетите убедливо поразени од Ирска
СледноПрилеп го победи Бутел Скопје во дебито на Стоилов