Екипата на Силекс во пресрет на продолжението на домашниот ПМФЛ шампионат, се засили со поранешниот македонски младински репрезентативец, и досегашен член на екипата на Македонија ЃП, Мартин Талаков.
Силекс посакува и следнава сезона како и изминатата да биде на самиот врв на табелата и да обезбеди место во Европа, а зошто не и трофеј како лани во Купот на пример.
Талаков ја засилува и онака силната навална линија на кратовци.















