Шкендија сака победа, Шкендија сака нов пласман во плеј-оф!

118

Шкендија – Хиберниан вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје во реванш меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Шкотскиот тим на овој натпревар “влегува“ со предност ако се знае дека во Единбург минатиот четврток беше 2:1 за Хиберниан.

И затоа Шкендија мора, ама баш мора да победи и тоа со два гола разлика ако сака пласман уште еден пласман во плеј – офот во некое европско натпреварување.

Тетовци вечерва сакаат „реприза“ од настаните со Браво во втората рунда. И тогаш пред реваншот имаа 1:2 и победија со 3:1 и дојдоа на мегдан со Хиберниан, па така нека биде и сега. Шкендија со оглед на тоа дека, како и лани, остана сама во Европа од нашите клубови и ја има честа да игра и победува за дигање на клупскиот рејтинг на мак – фудбалот.

Токму затоа вечерва сите фудбалски фанови во Македонија од 20 до 22 часот треба да се за Шкендија, без разлика на клупските бои и клупската определба.

Шкендија покажа и во Единбург, без разлика на поразот, дека има игра, има квалитет, и дека може да се носи со силниот шкотски тим кој во неделата славеше на гости на Глазгов Ренџерс. Ама и Шкендија е во супер расположение со оглед на тоа дека славеше во супер дербито со Вардар, токму на Арената во Скопје.

Добра вест за тренерот Положани е таа што може да смета на сиот свој играчки потенцијал освен на Бабукар Гаје. Сега не ќе мора да прави претумбации во составот како во Шкотска. Тука се Димоски и Трумчи по бековските линии, Меличи и Манев во стоперската линија а со тоа се “ослободуваат“ Зејнуали, Ислами, Фреитас, Рамадани од строго дефанзивните задачи. Да не говориме дека во нападот Положани имаа повеќе опции, но тоа е негова работа на кого ќе му даде шанса да настапи.

Најважно е Шкендија да оди натаму.

Да потсетиме дека мечот може да се проследи и нив директен пренос на МТВ 2, а правдата на овој натпревар ќе ја дели Булат Саријев од Казахстан.

ПретходноЕнрике: Не сум изненаден, совршено ги познавам моите играчи
СледноРоџер Федерер повеќе не е милијардер