Еурофарм Пелистер продолжува во победнички ритам!

122

Зад тимот на Еурофарм Пелистер е уште една успешна контрола во рамките на подготовките за новата сезона. Избраниците на Лино Червар го одиграат третиот пријателски натпревар.

Противник на битолчани беше тимот на Словењ Градец, од она што го сподели македонскиот вицепрвак, крајниот резултат е 22-21. За Еурофарм Пелистер ова беше трета победа во низа, откако претходно славеше против Катар и Крка.

Прв посериозен тест, битолчани ќе имаат на 23. август кога на домашен терен го пречекуваат тимот на Партизан во Регионалната лига.

ПретходноТетовци се рекордери: Шкендија вечерва го игра својот јубилеен 75-ти европски натпревар!
СледноЃуретановиќ со најдобро време на 200 метри слободно на Европското првенство