Македонецот можеше да биде херој: Миовски и Ренџерс елиминирани во ЛЕ!

254
ФОТО: Rangers FC/FB

Штета за Бојан Миовски. Се играше 90.минута при резултат 1:1 на неговиот Ренџерс со Јагиелонија, кога Македонецот имаше голема шанса да погоди за победа и да ја однесе својата екипа во продолженија. Но Миовски, кој влезе во игра 15 минути порано, не успеа и мечот заврши без победник а со тоа севкупен победник беше тимот од Полска.

Па така сега Миовски и Глазгов Ренџерс се елиминирани во Лигата на Европа, но ќе играат во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Таму е и косовска Дрита на нашиот стратег Ардијан Нухиу.

Дрита во 3.квалификациско коло во ЛК вечерва дома славеше се Тре Пене (Сдан Марино) со 5:0 и со вкупни 9:1 се пласира во следната фаза во ова натпреварување.

ПретходноГРК Охрид преку Дубочица до финале!