Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ се игра реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Шкенндија и Хиберниан.
На околу еден час до почетокот на мечот и двајцата тренери, Артим Положани и Дејвид Греј ги објавија стартните состави.
За Шкендија мечот ќе го почнат, барем како што објави УЕФА:
Рамани, Трумчи, Манев, Меличи, Димоски, Фреитас, Ислами, Зејнулаи, Тамба, Криезиу, Ндзенгуе.
Интересно, иако беше најавувано дека ќе биде во комбинација, Марко Ѓорѓиевски не е ни на клупата.
Додека за Хиберниан ова е стартниот состав:
Салингер, Паслак, Кер, Охора, Обита, Мјулиган, Каива, Мејор, Елдинг, Рајт, Лов.
На првиот натпревар во Единбург беше 2:1 за Хиберниан. Победникот од овој двомеч ќе игра во плеј-офот во Лигата на Конференции против подобриот од двомечот Гент – Гетеборг.










