Штета за Бојан Миовски. Се играше 90.минута при резултат 1:1 на неговиот Ренџерс со Јагиелонија, кога Македонецот имаше голема шанса да погоди за победа и да ја однесе својата екипа во продолженија. Но Миовски, кој влезе во игра 15 минути порано, не успеа и мечот заврши без победник а со тоа севкупен победник беше тимот од Полска.
Па така сега Миовски и Глазгов Ренџерс се елиминирани во Лигата на Европа, но ќе играат во плеј – офот во Лигата на Конференции.
Таму е и косовска Дрита на нашиот стратег Ардијан Нухиу.
Дрита во 3.квалификациско коло во ЛК вечерва дома славеше се Тре Пене (Сдан Марино) со 5:0 и со вкупни 9:1 се пласира во следната фаза во ова натпреварување.










