Екипата на Прилеп дојде до првата победа на струшкиот турнир, откако славеше со 31-29 против Бутел Скопје во дебито на Стојанче Стоилов. Клучен за триумфот беше Благојче Трајкоски, зад своето име запиша 16 интервенции.
И двата тима понудија интересна битка, на одморот беше 17-17. Водството се менуваше, со тоа што финишот беше екстра возбудлив, Бутел Скопје поведе со 26-24. Но токму благодарение на одбраните на Трајкоски прилепчани приредија пресврт, поведоа со 28-26, а потоа и 29-27, одовлно за победа.
Шипинкоски беше прв стрелец со шест голови, на другата страна Јовиќ имаше седум погодоци.










