Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло (ВИДЕО)

222

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната, откако предмалку на свој терен во Гостивар, ја совлада екипата на Башкими со минимално но заслужени 1:0.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше резервистот, Контрерас, кој што во 82. минута одлично избега по левата страна и биеше неодбранливо во голот на кумановци. При оваа акција одлично асистираше Матео Софијановски.

Во првиот дел домаќинот исто така имаше неколку ситуации за гол, при што во една го погоди и оквирот на голот на Башкими.

Од друга страна, гостите пак се надеваа барем на реми, и за малку и ќе стигнеа до него но ете, не издржаа до крајот да не примат гол.

Третото коло во домашниот ПМФЛ шампионат продолжува утре со мечевите Силекс и Скопје и Тиквеш и Шкендија Арачиново. Термините се 16:00 односно 16:30 часот.

 

ПретходноУште еден неверојатен кам-бек: Македонија од минус 18 до победа против Унгарија
СледноИнтер има нов десен бек