Задолжителна тренерска клиника на 24 и 25 август во Скопје

171

Кошаркарската федерација на Македонија на 24 и 25 август 2026 година во Скопје организира задолжителна тренерска клиника, посветена на континуирана едукација и професионално усовршување на македонските тренери.

Клиниката носи богата програма и предавања од реномирани стручњаци од Македонија и странство, меѓу кои Светислав Пешиќ, Хосе Мариа Берокал и Саша Грујиќ.

Темите опфаќаат дефанзивна и офанзивна транзиција, позициона одбрана, развој на офанзивната тимска игра и индивидуалните вештини во младинската кошарка, како и промените во официјалните кошаркарски правила.

Учеството на клиниката е бесплатно и задолжително согласно условите за добивање тренерска лиценца.

Регистрацијата за сите тренери е задолжителна преку официјалниот формулар:

РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ТРЕНЕРСКАТА КЛИНИКА

КФМ има за цел клиниката да прерасне во традиционален годишен настан, кој ќе придонесе кон континуирана едукација на тренерите и унапредување на македонската кошарка.

ПретходноБарса и со трета понуда за Родри!
СледноАрсими против Башкими: Дуел на екипи кои за 360 минути примиле 20 голови а постигнале само еден!