Благој Гугинов во финале на Европското првенство во Грандтули

40

Благој Гугинов обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во кајак спуст, кое се одржува во Грандтули, Шкотска. По вториот настап во квалификациите, Гугинов го потврди одличниот резултат и заврши на третото место во генералниот пласман, во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски нации.

Со овој резултат, младиот македонски натпреварувач обезбеди место меѓу најдобрите и утре ќе настапи во големото финале, каде што ќе има можност да се бори за медал и висок пласман на Европското првенство.

Сите погледи утре ќе бидат вперени кон Грандтули, каде Благој ќе го даде максимумот во борбата за европски медал.

ПретходноПрвиот тест меч за сениорките
СледноРано во сезоната, а веќе имаме фантастичен гол вреден награда (ВИДЕО)