Рано во сезоната, а веќе имаме фантастичен гол вреден награда (ВИДЕО)

82

Тимот на Димоа Загреб вечерва на својот стадион Максимир го совлада тимот на Рудеш со 4:0 во рамките од новото коло во ХНЛ шампионатот.

Тоа и не би било некоја информација за нас, освен што мора да се спомене голот кој што на овој дуел го постигна најдобриот играч на Динамо во моментов, Дион Дрена Бељо.

Тој во шестата минута од мечот го отвори резултатот со фантастичен погодок со „ножички“ кој што ја воодушеви присутната публика, но и онаа пред екраните.

Бељо дефинитивно е еден од најдобрите напаѓачи на Балканот во моментов, и за многу бргу ќе замине во некоја од топ пет лигите во Европа.

ПретходноБлагој Гугинов во финале на Европското првенство во Грандтули
СледноЧиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера