Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст.
Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше да биде дел од неговиот актуелен тим, Парис, и каде што имаше активен договор.
Како што велат информациите, Имобиле ова го прави пред се поради семејството кое секако му е најважно.
Имобиле цели 17 години играше професионален фудбал, а беше дел и од репрезентацијата на Италија подолг период.










