Караташ дебитираше како Македонец за Галата

309

Македонија дефинитивно добива големо засилување на левата бековска позиција во името на Газимчан Караташ, првотимецот на Галатасарај. СпортСпорт го најави неговото доаѓање во нашиот национален тим уште пред неколку месеци, а очигледно дека процесот на добивање на македонски пасош за Караташ е завршна работа.

Тој веќе се води како македонски интернационалец, и како таков за прв пат вечерва настапи за својот тим Галатасарај.

Кој што пак сериозно киксираше на свој терен играјќи само 2:2 во најновото коло од турската Супер лига против тимот на Корум.

И тоа домаќинот се спаси што се вели затоа што имаше негатива до самиот финиш на мечот.

Караташ влезе во 84. минута за да помогне тимот да се спаси од шокантен пораз. Тој секако ќе добие повик за нашиот национален тим од страна на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви од Лигата на Нациите во септември и октомври.

 

ПретходноЧиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера
СледноСтојановски: Ова е тим, и она што ни треба секогаш, 40 минути!