Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната, откако предмалку на свој терен во Гостивар, ја совлада екипата на Башкими со минимално но заслужени 1:0.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше резервистот, Контрерас, кој што во 82. минута одлично избега по левата страна и биеше неодбранливо во голот на кумановци. При оваа акција одлично асистираше Матео Софијановски.
Во првиот дел домаќинот исто така имаше неколку ситуации за гол, при што во една го погоди и оквирот на голот на Башкими.
Од друга страна, гостите пак се надеваа барем на реми, и за малку и ќе стигнеа до него но ете, не издржаа до крајот да не примат гол.
Третото коло во домашниот ПМФЛ шампионат продолжува утре со мечевите Силекс и Скопје и Тиквеш и Шкендија Арачиново. Термините се 16:00 односно 16:30 часот.















