Вистинска агонија за Новак Ѓоковиќ на стартот на Маестерсот во Синсинати. Не само поради поразот од Аргентинецот Тиранте со 1:2 во сетови, туку поради се она што му се случуваше во еден момент од овој меч. Имено тој поради замор во еден момент падна на колена, потоа повраќаше, а и извика – нозете ми откажуваат.
Јасно беше дека веднаш доби лекарска помош, го продолжи мечот, но сепак се виде дека тоа не е тоа и на крајот Аргентинецот успеа да победи.
Инаку најдобриот на сите времиња релативно рутински го доби првиот сет со 6:2 во гемови, во вториот сет Тиранте беше подобар и го победи со 6:4 за да во последниот и решавачки сет, беше исто 6:4 за Аргентинецот.
Инаку овој турнир требаше да биде добра подготовка за УС Опен, но Ѓоковиќ не изгладаше добро на овој меч од 1/32 финалето на Мастерсот во Синсинати кој траше речиси три часа.
Novak Djokovic is vomiting in Cincinnati. 😩 pic.twitter.com/ra2PovCrYk
— Danny (@DjokovicFan_) August 15, 2026










