Македонската кадетска репрезентација не успеа со победа да го заврши Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува токму во нашата земја, поточно во Гевгелија и Скопје.
Во последниот натпревар за 13. место на овој шампионат, нашите момци беа убедливо совладани од Бугарија со 62-102. На крајот Македонија го освои 14-то место, дали можеше подобро, допрва ќе има анализи.
Бугарија покажа доминација во однос на Македонија во генерацијата до 16 години. Отвори со 15-24 во првата четвртина, а веќе на одморот имаше двоцифренаа предност од 29-54. Во продолжение не се промени сликата, „црвено-жолтите“ беа инфериорни.
Коневски и Зунзуровски имаа по 13 поени, Котевски 11, додека Шабани 10.










