“Нозете ми откажуваат“: Новак во агонија во Синсинати и со пораз на стартот!(ФОТО)

502
ФОТО: Printscreen/X

Вистинска агонија за Новак Ѓоковиќ на стартот на Маестерсот во Синсинати. Не само поради поразот од Аргентинецот Тиранте со 1:2 во сетови, туку поради се она што му се случуваше во еден момент од овој меч. Имено тој поради замор во еден момент падна на колена, потоа повраќаше, а и извика – нозете ми откажуваат.

Јасно беше дека веднаш доби лекарска помош, го продолжи мечот, но сепак се виде дека тоа не е тоа и на крајот Аргентинецот успеа да победи.

Инаку најдобриот на сите времиња релативно рутински го доби првиот сет со 6:2 во гемови, во вториот сет Тиранте беше подобар и го победи со 6:4 за да во последниот и решавачки сет, беше исто 6:4 за Аргентинецот.

Инаку овој турнир требаше да биде добра подготовка за УС Опен, но Ѓоковиќ не изгладаше добро на овој меч од 1/32 финалето на Мастерсот во Синсинати кој траше речиси три часа.

ПретходноГРК Охрид го победи Вардар и го одбрани пехарот на струшкиот турнир