Пораз за крај: Бугарија со убедлива лекција за македонските кадети

76

Македонската кадетска репрезентација не успеа со победа да го заврши Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува токму во нашата земја, поточно во Гевгелија и Скопје.

Во последниот натпревар за 13. место на овој шампионат, нашите момци беа убедливо совладани од Бугарија со 62-102. На крајот Македонија го освои 14-то место, дали можеше подобро, допрва ќе има анализи.

Бугарија покажа доминација во однос на Македонија во генерацијата до 16 години. Отвори со 15-24 во првата четвртина, а веќе на одморот имаше двоцифренаа предност од 29-54. Во продолжение не се промени сликата, „црвено-жолтите“ беа инфериорни.

Коневски и Зунзуровски имаа по 13 поени, Котевски 11, додека Шабани 10.

ПретходноГригориј Ѓорѓевиќ е нов играч на ТФТ
СледноЕХФ ја подгрева атмосферата пред новата сезона: Ова е лудо (ВИДЕО)