Ред Бул со генералка против Баерн, Елмас не е ниту во составот, во игра кам бек во Наполи

118

Судбината на македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Елиф Елмас во моментов е сериозно неизвесна. Едноставно најдобриот македонски фудбалер е на крстопат каде да ја продолжи кариерата.

Од причина што неговиот активен клуб Ред Бул Лајпциг не само што не смета на неговите услуги, туку еве на генералката која што во моментов ја игра против тимот на Баерн Минхен, нашиот репрезентативец воопшто не го сврсти ниту во составот.

Тоа значи само едно. Дека за Елмас дефинитивно нема место во Германија во моментов, и тој ќе мора да ја побара среќата повторно на друго место. Наполи, неговиот поранешен клуб, во изминатите шест месеца му ја отвори вратата и го зеде на позајмица. Сега ситуацијата можеби ќе се повтори затоа што информациите од Италија велат дека клубот од Неапол повторно бара солуција како Елмас да го доведе во своите редови. Тоа повторно ќе биде на позајмица, Елмас има сериозен договор со Ред Бул, и примања кои што Наполи тешко може да ги преземе сосе него откуп.

Јувентус и Фиорентина исто така се споменуваат долго време како можна дестинација за Елмас но и тие информации некако почнуваат да „се ладат“ како изминува времето.

 

ПретходноЕХФ ја подгрева атмосферата пред новата сезона: Ова е лудо (ВИДЕО)
СледноСтојановски: Ова е реалноста, не чека многу работа во иднина