ПМФЛ: Шкендија ја “реши“ Брегалница и остана максимална!(ФОТО+ВИДЕО)

335

Шкендија со убедливи 4:1 против Брегалница вечерва на ФФМ. Трета победа во третиот меч во новата сезона, па така сега тетовци се лидери на табелата и само тие се максимални.

Очекувана победа на големиот фаворит, стрелци беа Трумчи во 61. и Красничи во 66.минута, потоа Ндзенгуе и Зејнулаи во самиот финиш. Мартин Стојанов во 86.минута постигна убав гол за 2:1. Сепак не беше така лесно за Шкендија. Ослабена со неиграњето на неколку свои првотимци, Шкендија имаше игра, имаше шанси, во првиот дел дури 4-5, но не успеа да ја пробие гостинската екипа, па на пауза се замина со тие 0:0. Гостите преку Калпачки опасно се заканија, но како што рековме немаше голови.

Во второто полувреме Брегалница како да се подотвори, имаше и неколку закани, но сепак Шкендија знаеше како треба. Прво Трумчи убаво се снајде пред гостинскиот гол за 1:0. Потоа беше се полесно за четата на стратегот Артим Положани. Веќе ја снема таа нервоза, па набргу дојде и вториот гол кога Красничи во 66.минута умешно со максимално прецизен удар зголеми на 2:0.

Само три минути подоцна пенал за Брегалница. Судијата Влатко Илиоски виде прекршок од Трумчи над еден гостински играч, сепак од ВАР собата доби знак да ја провери ситуцијата, веднаш виде дека имало контра фаул, па затоа немаше пенал за Брегалница.

Гостите сепак постигнаа гол и тоа преку Мартин Стојанов во 86.минута, прекрасен гол, трет сезонава.

Сепак сите дилеми ги разреши Ндзенгуе во 90+1.минута за 3:1. А во 90+3.минута пенал за тетовци. Зејнулаи го изведе пеналот за конечни 4:1.

Со овие три бода Шкендија сега 9 бода, значи “три од три“, на делба на второто место се Силекс и Струга ТЛ со по 7 бода, додека Вардар има само 3 бода.

No description available.No description available.

No description available.

ПретходноПобедничко селфи по дербито: Како Струга нема друга!
СледноФФМ: Високо квалитетно судење на дербито во Струга