Манев го повреди рамото, многу проблеми во одбраната за Шкендија

147

Јован Манев е во листата на повредени фудбалетри кај Шкендија. Стоперот на „црвено-црните“ најверојатно нема да настапи на денешниот првенствен дуел против неговиот поранешен клуб Брегалница од Штип. Болките во рамото и проблемите со повредата се појавија во финишот од дуелот со Хиберниан на кој Манев имаше лош доскок и падна директно на рамото во самиот финиш од средбата од Конференциската лига. Слична повреда имаше и Бојан Димоски но тој ја санираше и се врати во ростерот на тренерот Артим Положани.

Кај Шкендија во изминатите неколку средби бранеше третата голманска опција Ферат Рамани затоа што гамбиецот Гаје е во аут веќе околу еден месец, ситна повреда има и втората алтернатива Амзаи. Сепак Рамани иако е трета опција имаше одлични одбрани на дуелите со Хиберниан, но и на дербито со Вардар.

Дополнителен проблем во одбраната е суспензијата од три натпревари на Маличи кој е казнет од ФФМ поради инцидентот по натпреварот со Вардар, Шкендија најави жалба но фудбалерот денеска нема да биде во комбинација.

Артим Положани нема да смета и на Марко Георгиевски кој се повреди на загревањето пред дуелиот со Вардар и го пропушти и дербито но и дуелот со Хиберниан на кој беше повеќе од потребен.

ПретходноДарио Ивановски го освои 46-тото место на Европското првенство!
СледноМакедонија дефинитивно посилна за Рајт против Австрија