Шкендија – Брегалница 0:0 по првото полувреме на последниот меч од 3.коло кој вечерва се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Иако ослабена со неиграњето на 3-4 стандардни играчи, сепак Шкендија одигра напаѓачки, агресивно, креираше 4-5 добри шанси, но Тамба двапати, Криезиу, Красниќи, Ибраими… никако не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на штипските “сини“.
Брегалница крајно дефанзивно ориентирана, а во 42.минута Калпалчки опасно се закани, сепак голманот на Шкендија, Рамани беше на своето место.
Во случај на победа тогаш Шкендија ќе избие на челната позиција на табелата по 3.коло во ПМФЛ, и само Шкендија ќе биде максимална по ова коло.
Сепак треба да се победи.















