Малески пред дербито со Вардар: Се надевам дека бодовите ќе останат во Струга

71
ФОТО:fcstruga.com/

Денеска од 16.30 часот се игра дербито на 3.коло во нашата елитна лига. Во Струга се среќаваат домашниот состав на Струга Трим Лум и Вардар. Ова се екипи кои во последните четири години дури трипати ја освојувале титулата, двапати стружани и еднаш Вардар.

Во пресрет на дербито свој коментар има напаѓачот на стружани, Христијан Малески:

Се надевам дека ќе биде квалитетен и интересен натпревар. Вистинско дерби од кое се надеваме дека ќе го извлечеме најдоброто и на крајот бодовите ќе останат во Струга. Цела недела се подготвувавме за овој натпревар, го анализиравме противникот, за да влеземе во овој натпревар максимално подготвени. Верувам дека целиот тим ќе биде во најдобра форма за да можеме да дојдеме до нови три бода оваа сезона пред нашите навивачи“ – изјави Христијан Малески, кој е и автор на последниот гол во натпреварите против Вардар минатата сезона.

Дали ќе повтори такво нешто во првиот натпревар од оваа сезона, Малески одговори:

Можам да кажам дека ќе го дадам својот максимум против Вардар, а доколку постигнам гол, тогаш без сомнение тоа би била награда за она што би го покажал на зелениот терен“.
Денешниот натпревар ќе биде 7-ми за Малески против Вардар, против кој тимот постигна само еден гол.

ПретходноИслам испиша историја, па порача: Ние Русите сме број еден…
СледноЗверев го преживеа во Синсинати после два и пол часа