СКАНДАЛ! Герсон си донел женска во карантин, го фатиле – го избркаа а Вардар си загуби

3493

Нема крај на скандалите во ФК Вардар АД кои носат многу немир, проблеми а и слаби игри, но и порази со кои клубот од минатата сезона не личи на себе, клубот кој е бренд во земјава и регионот стана клуб за потсмев, резил и мајтапење.

Најновото од кујната на Вардар и скандалот вечерта пред дуелот со Струга Трим Љум. Екипата од Скопје заминува во карантин во еден хотел во Охрид. Таму се сместуваат, вечераат и треба да се фокусираат за дербито кое се одигра попладнево. Но, миленикот на управата, на Миленко Неделковски и менаџерите, си прави нов хаос во низата кои се зад него уште од првиот ден кога дојде во Вардар.

Си донел фудбалерот од Луксембург со потекло од Португалија и женска со себе, си ја сместил и си се подготвувал за бурна ноќ… За негова несреќа бил фатен жив, била крената работата на највисоко. Играчите повеќе не можеле да ги издржат скандалите на миленикот на Миленко кој откако дојде го растури клубот како на играчки така и на организациски план. Недисциплината ја гледаат сите, бонусите, платите и провизиите ставени во преден план пред сите останати и пред клубот. Герсон Родригес, но и Миленко Неделковски не смеат и нема никогаш да бидат над клубот!!!

Врие во Вардар поради кататсрофалното менаџирање со клубот. Герсон е избркан од екипата во утринските часови откако за скандалот се разбрало и надвор од хотелот и откако за глупирањата во клубот е стигнато до највисоко ниво. Фотографијата е од трибините во Струга денеска од каде најскапиот фудбалер на Вардар го следеше натпреварот и гледаше како неговиот клуб повторно губи. СпортСпорт и пред неколку дена објави фотографија од истиот фудбалер како во утринските часови се релаксира со алкохол во еден скопски ресторант. Никој не мрдна со малиот прст – НИКОЈ!!!

Кој е шеф во Вардар? Од тука од Македонија или клубот се води на батерии од Црна Гора и менаџментот кој таму се фали дека диригира со клубот од Скопје! Ете си замина тренерот Фабијани, но нема кој да го спаси бродоломот на клубот кој по експресната елиминација во Европа еве и на експресен начин во домашниот шампионат ги губи битките. Одбојкарот кој е задолжен за авио-билети под итно уште вечерва да вади карта во еден правез за Герсон Родригес како што тоа го направи минатата недела за тренерот Фабијани. Нека му извади авио-билет и на Миленко Неделковски исто така во еден правец и така од сметката на клубот милионски суми се префрлаат за авио-билети.

Тука е крајот…!!!

Од утре нови откази, потреси и се така додека не се исчистат сите фекалии од клубот. А таман денеска почна да се гради фекална станица во Трубарево која е многу блиску до кампот на Вардар.

ПретходноМалески го потона Вардар и го разгоре пожарот кај шампионот! (ВИДЕО)
СледноРасинг Сантандер блескаше, ама недоволно за победа против Виљареал